Општина Охрид и туристичките работници од градот ја претставија својата туристичка понуда на реномираниот Саем за туризам кој деновиве се одржува во Белград.

Градоначалникот Бакрачески, на коктелот организиран за новинарите и туристичките агенции, одржа поздравен говор, при што ја промовираше туристичката понуда на Охрид, по што следуваше промоција на охридски специјалитети, а присутните имаа можност да слушнат и охридска староградска музика .

Организирана беше и охридска вечер во ресторанот „Ковач“ на која беа поканети претставници од туристички агенции, медиуми и дипломатскиот кор.

OhridNews