Осврнувајќи се на последните денови од изборната кампања, кандидатот за градоначалник од коалицијата За подобра Македонија, д- р Никола Бакрачески,  истакна дека во говорите на противкандидатот од Сојузот за иднината, Александар Петрески, се забележуваат елементи на говор на омраза и  елементи кои индиректно повикуваат на насилство.
 
– Прес- конференциите на Петрески повеќе наликуваат на митинг, при што истовремено се зборува за повеќе теми и траат и по 30 минути. Дали е тоа политичко  претставување или прес- конференција. Моите настапи се цивилизиран начин на политичко комуницирање , бидејќи како што и претходно реков, моја цел е барем во Охрид да се обидеме да покажеме дека припаѓаме на цивилизирана заедница. Затоа не одговарам на провокациите од Петрески директно насочени на мене, бидејќи во провокациите и личните навреди не гледам факти, изјави Бакрачески.

OhridNews