Имам разбирање за господинот Заев кој штотуку дојде на функција во партијата која носи голема одговорност, но тој требаше да покаже загриженост за случувањата во градот и општина Охрид, кога на нејзино чело беше поранешниот градоначалник и негов партиски колега, изјави градоначалникот Никола Бакрачески на прес конференција по повод обвинувањата што на адреса на локалната самоуправа стигнаа денеска од лидерот на СДСМ.

-Господинот Заев требаше да се грижи за вработените во локалната самоуправа во времето кога неговиот партиски колега и партиски другар во градот направи тотална дезинтеграција на системот и хаос и направи голема штета на локалната самоуправа,  во времето кога беа направени 32 милиони евра долг на општината Охрид и уште неколку десетини милиони на јавните претпријатија кои произлегуваат од локалната самоуправа.-изјави Бакрачески.

Тој истакна дека раководењето со општината е комплексен процес и дека тој ќе работи единствено во интерес на граѓаните и вработените во локалната самоуправа, согласно законот и прописите.

OhridNews