Во Кавадарци, отидовме да играме фудбал но сето она нефудбалско што се случуваше во вториот дел, едностано ме натера да реагирам.


По завршувањето на првиот дел при резултат 1-0 за нас беше извршен притисок врз судиската тројка и делгатот, со што се доби впечаток дека “истрчаа други судии“ на полувремето. Само што започна вториот дел домашните го изедначија резултатот и тоа по погодокок кој “падна“ по недозволена игра со рака. Главниот судија не ја санкционираше и во продолжението на акцијата беше постигнат изедначувачкиот погодок. Исто така и вториот гол го примивме по еден недосуден прекршок за нашиот одбранбен фудбалер, за сето ова ќе реагираме до ФФМ и бараме да се погледа и снимката од мечот. Исто така непријатно сме изненадени од односот на  публиката. Во финишот на мечот кога направивме притисок, и имаше најсторга казна која главниот судија не сакаше да ја види, Публиката, незадоволна од случувањата на теренот фрлаше со шишиња по мене и по моите фудбалери, се прашувам што ќе се случеше доколку некое завршеше во мојата или во главата на некој од фудбалерите –  вели , Јаким Бакулески кој потенцираше дека фудбалот треба да не зближува, а не да не разединува.

Бакулески смета дека е потребна е поголема реконструкција во клубовите но и во редовите на Фудбалската федерација.  – Во интерес на сите е во фудбалот да дојдат фудбалски луѓе , и на сопствениците како и на потеницијалните инвеститори. Се додека има “мешетари“ и “лешинари“ фудбалот нема да стагнира, туку ќе оди  во надолна линија – вели Бакулески.

Бакулески кој е долги години во фудбалот и одиграл преку илјада натпревари што како играч што како тренер, потенцираше дека нема желба да ја продолжи тренерската кариера, туку посакува фудбалот да им се врати на фудбалерите и стадионите да бидат место за фудбалско надигрување и  уживање.