Двете победи во низа ги подгреа надежите на второлигашот Охрид Лоте дека може да се избегне дното и клубот да заплива во мирни води. Новиот стратег Јаким Бакулески кој нанижа две победи, е задоволен од односот на домаќините на последниот натпревар во Руфеја кој “градежниците“ го добија со 1-0 благодарение на голот на Китрозоски.

Презадоволни сме од пречекот и односот на домаќините на нашето гостувањето во Руфеја. Натпреварот помина во фер и коректна атмосфера и победи подобриот тим. И ние и тие имаавме свои шанси, со таа разлика што ни ја искористивме нашата, а тие не реализираа пенал, по одличната интервенција на нашиот голман Капрически – вели Бакулески.


Бакулески, кој вели дека во клубот дошол од „апансас“ непредвидено, а добредојдена била паузата во шампионатот, каде успеале да се консолидираат и кондиционо да закпренат.  За физичката подготвеност ќе се грижи мојот помошник Наум Јанкуловски, кој ќе има задача  да го подигне нивото на подготвеност.

–    Со добра работа ќе дојдат и резултати, потребно е клубот да се консолидира и што е можно побргу да застане на здрави нозе. Очекувам до полусезоната да извлечеме што е можно повеќе бодови, и мирно да влеземе во пролетниот дел – вели Бакулески.


Во наредното коло охриѓани, на домашен терен го пречекуваат фенерџијата Беласица која во досегашните седум кола нема забележано победа.

М.П.