Резервистот Бакулески беше таличниот играч за тимот на Ѓорески, по дваесетина минути поминати во игра во 85 минута по додавањето на Нически ја затресе мрежата на “кенгурите“ и ги осигура три бода за охридските бели.


– Бев сигурен дека ке постигнам погодок, имамвме иницијатива во текот на целиот меч. Голот висеше во воздух и само прашање беше кога ќе падне и кој ќе го постигне. Посебно ми е мило што со мојот погодок го урнавме мојот поранешен клуб Беласица -вели Бакулески

За Бакулески ова е прв гол во годинешниот шампионат. Тој е деветиот играч на Охрид кој се запишува во листата на стрелци.

М.П.