Поранешниот репрезентативец на Германија, Михаел Балак упати искрени совети до својот сонародник Месут Озил кој преговара со Арсенал околу новиот договор.
Балак кој во Англија ги бранеше боите на Челси му порача на Озил да го напушти тимот од Лондон и да се пресели во Баерн Минхен.
– Озил е невојатен квалитетен фудбалер. Многу клубови ја пратат неговата ситуација во Арсенал и го посакуваат во своите редови. Но, ако сака Озил да освојува титули треба да го напушти Арсенал и да се пресели во Баерн Минхен. – изјави Балак.
Според Балак, „баварците“ се колебаат да го ангажираат Озил кој има високи примиња во Премиер лигата. – Платата на Озил ги обесхрабрува челниците на Баерн Минхен. Кога ќе погледнете колку трошат англичаните, шпанците а по ново и кинезите на фудбалери за многу кратко време истото ќе мора да го направи и Баерн ако сака да биде рамо до рамо со останатите конкурентите.
Германскиот репрезентативец на Емирати се пресели од Реал Мадрид, а претходно го носеше дресот на Вердер и Шалке.
OhridNews