Трета година во низа Македонија беше домаќин на младинското Европско првенство за девојки до 20 години Б дивизија. Охрид само статистички може да се пофали дека беше домаќин на две вака големи збидунувања.    


– Јас ја имав честа и оваа година како и пред две да бидам во организацискиот тим на МКФ, а исто така имав можност да ги одгледам поголемиот дел од натпреварите на ова Европско првенство. Од она што можев да видам е дека европскота енска кошарка го следи патот на славата,а евојките кои годинава играа на шампионатот, беа вистински професионални – вели Весна Балазоска.


Македонската женска кошарка и тоа како заостанува зад европската , а нејзининот заживување во голема мера зависи од соработката на челниците на МКФ со клубовите низ државата.

Ниту на ова првенство домашната охридска публика воопшто не се потресе и не се одлучи да дојде и да изгледа макар еден натпревар од 64 кои се одиграа во спортската сала при “Срц Атина Бојаџи“.

– За жал домашната публика не го даде доволниот импакт на овај шампионат, ниту пак туристите кои во овој период беа во Охрид. Ние во секоја прилика зборуваме за развојот на спортскиот туризам кој , наместо оргазнизирано си тече спонтано – смета Балазоска.


Балазоска потенцираше дека од организациски апсект е задоволна што имала можност да работи со тим на професиналци предводени од ген сек Дејан Лекиќ, а исто така на нејзино огромно задволство имаше чест да се запознае лично со претседателот на ФИБА, Олафур Рапсон.

Балазоска која имаше богата спортска кариера, посакува еден ден да сеа најде на македонската клупа и да ја предводи националната селекција.

М.П.