По три години пауза охридската машка кошарка се врати на скромната спортска мапа на град Охрид. “Колибрите“ претрпеа пораз на премиерниот меч против Феникс со 70-64, во натпревар кој ќе остане запаметен по бројните пресврти и неизвеснота до самиот крај.


– Несреќен пораз, но јас како тренер сум задоволна од играта на моите момци. Ќе беше фантастично да дебитиравме со победа, и на крајот пристуна беше тагата на лицата на младите кошаркарки,сепак ова нема да не обесхрабри и ние ќе продолжиме и понатаму напорно да работиме за да стигнеме до нови победи – вели тренерот на Колибри, Весна Балазоска.

Во второто коло в сабота од 15 часот со спортската сала “Билјанини извори“ охриѓани ќе ја пречекаат екипата на Кичево.

– Апелирам до сите љубители на кошарката и спортот воопшто, да дојдат во спортската сала и да ги подржат овие млади момци во желбата да ја заживеаат повторно охридската кошарка – истакна Балазоска.

М.П.