Четвртото место на Европското првенство во Литванија на македонската репрезентација донесе поголема верба во кошарката во Македонија. Членовите во кошаркарските школи значително се зголемуваше, а тој тренд не го избегна и клубот Колибри.

– По успехот на репрезентација на Европското првенство во Литванија кошаркарката зеде голем залет во Охрид и воопшто во нашата држава. Од почетокот на школската година нашата кошаркарска школа функционира беспрекорно и имаме 200 дечиња кои сакаат да ја научат магија на кошарката – истакна тренерот на Лихнидос, Весна Балазоска.

2012-та година помина во знакот на враќањето на кошарката во Охрид. Спортската сала “Билјанини Извори“ беше домаќин на ЕП во мали земји, на кое Македонија загуби во финалето од Австрија. По само една мината сезона во Третата лига, Колибри сега Лихнидос избори пласман во Втората.

– Спортски белег за 2012 година беше освојувањето на второто место на женската кошаркарска репрезентацијата на Европското првенство во мали земји. Петтото место на ракометната репрезентација на континенталниот собир во Србија. Настапот на ЕП со двете младински кошаркарски репрезентации во која бев тренер и настапот на МЗТ во АБА лигата. Шлаг на тортата за изминатата 2012 година беше влегувањето на првата машка екипа од Третата во Втората лига  – посочи Балазоска.

Во новата година охридскиот кошаркарски клуб не отстапува од зацртаното – Во 2013 година продолжуваме понатаму. Со екипата на Лихнидос ни престои пролетниот дел од шампионатот и со мала финансиска инекција ќе можеме да размислуваме за влез во елитното друштво. Нашата кошаркарската школа е отворена за сите дечиња кои сакаат да се занимаваат со спорт и да ги направат првите чекори во кошаркарката – заврши Балазоска.

Мх.П.