Охриѓанката Весна Балазоска три пати го освојуваше трофејот во националниот куп и тоа со екипата на струшки Кимико во сезоните 2003/2004, 2004/2005, 2005/2006. Балазоска на овогодинешниот “фајнл фор“ кој се игра викендов во Делчево ќе игра за тимот на Клубски кој е и домаќин на натпреварувањето.


Куп натпреварите од секогас претставувале голем мотив, секоја екипа има можност да стигне до финале, а победникот се одлучува со еден одигран натпревар.  Голема предност е доколку купот се игра на домашен терен, очекувам градт Делчево да ни даде голема подршка,бидејќи тие се големи љубители и подржувачи на кошарката во градот – вели Балазоска, која од далечната 1998 кога Охрид за прв пат влезе во тогашната супер лига е редовен учесник во овие куп завршници.


Балазоска кој направи камбек во активното играње, оваа година го облече дресот на делчевски Клубски . Тие во првото полуфинале за противник го имаат тимот на Бадел .

Се одлучив да им помогнам пред се на моите големи пријатели во Делчево, големо задоволство ќе ми биде доколку моето повлекување од кошарката го завршам со две златни медаљи од Купот и првенството. Подготвени сме да ја поминеме првата пречка полуфиналето со Бадел, а па потоа да го поразиме и финалистот од мечот  Вигор-Кросинг. – истакна Балазоска.


Зад Балазоска кој одиграла голем број меѓународни натпревари остана една неостварена желба.

Во мојата кариера одиграв голем број меѓународни и државни натпревари, посетив многу кампови,освоив куп и првенство во други градови, но секогаш како моја неостваерена желба” ќе остане освојување на злато во мојот град , кој имаше традиција на женска кошарка од 1998-2011 година (цели 14 години) – завршува Балазоска.

Распоред на натпреварите :
Сабота, 07.04.2012
17.00 Вигор Скопје – Кросиг
20.00 Бадел – Клубски

Недела, 08.04.2012
16.00 Финале младинки (Бадел – Кросиг)
19.00 Финале сениорки (Вигор/Кросиг – Бадел/Клубски)

М.П.