Маестралната партија на Весна Балазоска го одбележа езерското дерби кое охриѓанки го добија со 59- 43 .Балазоска и покрај агресивната игра на домаќините толерирана во голема мера од судиите мечот го заврши со 28 поени. По повредата во тимот на Колибри се врати Рајчиноска која  уфрли 11 поени, додека Ангеловска постигна 8.


Со двоцифрен број на поени 12 мечот го заврши Миладиновска, која се повреди во третиот период. Благодарение на докажаниот физиотерапевт на охриѓанки Јонче Петан таа  беше оспособена и бргу се врати во игра во четвртиот период.


Охриѓанки кои беа револтирани од односот на домаќините велат дека не смее да се дозволи од кошарката заради некои лични мотиви да се прави циркуз.

М.П.