За кошаркаскиот клуб Колибри годината што измина е перфектна, гледано од секој аспект. Школата за деца се развива, моментално брои околу 200 дечиња.  Тренерите Весна Балазоска, Гоце Митрески и Исмаил Даут ја “заживеаа“ машката кошарка. Учествуваа на меѓународни турнири со генарациите 92-93 година, 94-та, 98 а генерацијата 99-та беше хит на турнирот во Турција освојувајќи го првото место.


–    Годината што е зад нас ја поминавме доста работно, со нетрпение чекам да почниме со тренинзи во новата година и да ги надминиме успесите кои ги остваривме во старата. Моја  лична сатисфкација е  кошаркарската школа во која тренираат 200 дечиња, тоа ми дава голема волја, мотив и надеж за уште повеќе да вложиме и на тие деца да им го покажеме вистинскиот пат. Се натпреваруваме во четири секции со младинците, и две со сениорите, што е навистина тешко да се оствари.  Средствата ги собираме  сами тројцата тренери и даваме се од себе да стигниме секаде. Сакам да му се заблагодарам на општината за подршката низ целата година, но неизбежно е да ги пофалиме  и родителите на децата кои тренерираат кај нас  –  истакна Балазоска.


Колибрите во 2011 година имаа можност да  земат учество  на меѓународни турнири, еден од тие беше во Улцин, Црна Гора. А добри домаќини се покажаа на кампот во Метропол, каде беа ко-организатори заедно со белградски Партизан. Шлагот на тортата дојде во Турција каде генарацијата 99-та го освои првото место на турнирот под покровителство на Ефес Анадолу.

–    Искуството од Улцин е многу позитивно за сите нас, каде што имаше 200 учесници. Првото место во Турција е голем успех, а можеме да се пофалиме и со организација на турнир во “тандем“ со Партизан – потенцираше поранешната “алфа и омега“ на “Билјана“, Балазоска.


Трофеите во годината што измина не изостанаа за Колибри, но и индивидуалните признанија се нижеа на контото на тренерот Балазоска.

–    Да бидеш прогласен за најдобар тренер во женска конкуренција е големо достигнување. Исто така ќе го издвојам Европското првенство до 20 години кое се одржа во Охрид,  а беше спроведено од мене и челните луѓе на МКФ. Исто така морам да го потенцирам моето присуство на семинарот во Минхен, Германија каде ги проширив моите хоризонти во сферата на кошарката и се стекнав со поголемо знаење  – рече Балазоска.


Балазоска заедно со Митрески и Даут ја “препородија“ машката кошарката во Охрид, но за жал згасна клубот Билјана 006.

–    Во одличната 2011 година имаше две црни дамки првата е што Охрид остана без Европското првенство во кошарка поради одбивниот одност на луѓето кои ја водеа салата и неангажирањето на општината на релација МКФ – Општина Охрид и ЈП “Билјанини Извори“.  Место ние да ја збогатуваме спорската програма и да го развиме спортскиот туризам ние напротив ги бркаме и тераме во другите градови од Македонија. Три години во низа ЕП беше одржувано токму во нашиот град по моја иницијатива и добра соработка со МКФ. Втората е згаснувањето на женскиот клуб во Охрид, Билјана 006 каде што јас ги направив првите чекори во кошарката. Голем плус за градот е реанимирањето на машката сениорска кошарка, во првата полусезона забележавме шест победи и два порази што е одлично за почеток. Квалитетот во третата лига е доста јак, што овој успех добива поголема тежина – децидна беше Балазоска.


На кошаркски план 2011 година ја одбележаа избраниците на Докузоски, кои го освоија четвртото место на ЕП во Литванија.

–    Најголем успех, достигнување минатата година ќе го издвојам 4-то место на кошаркарската репрезентација на Македонија на ЕП во Литванија. Македонија никогаш не сум ја видела така сплотена, зближена и со нетрпение ги очекувавме новите “инфракт“ натпревари на “црвено жолтите“  – заврши Балазоска.

Во новата година Колибрите ги очекува макотрпна работа да ги повторат и надминат овие успеси, за тоа го остварат голема сила треба да соберат и “првите луѓе“ на клубот Митрески, Даут и Балазоска подржани од целиот град.

Михаил Постоловски