Охриѓанката Весна Балазоска викендов ќе отпатува во Минхен , Германија  каде ќе учествува  на семинар за млади кошаркари на возраст од 10 до 14 години. Балазоска, која по успешната играчка кариера, “заплива“ во тренерски води ќе биде дел од тричелната македоснска експедиција која ќе се надградува по “германски“ терк.


 

– На семинарот кој е во организација на ФИБА, ќе се обрне повеќе внимание на пристапот при работата со децата на оваа возраст, нивно усовршување начин и ниво на техника, и тоа во различни етапи се` до подготовка за игра “пет на пет“ – вели Балазоска.

На семинарот предавачи ќе бидат Дејан Михевиќ и Кај Бумел од германската кошарска федер работација. Работните теми се “Како да се работи и У14“,  и “Како да се привлечат децата да играат кошарка“.


–    Сакам да видиме до каде сме во Европа и да видиме различни начини на работа, досега имав можност да посетам разни кампови во нашето опркужување, а ова ќе биде убава можност да се види пристапот и начинот на работа, дали е сличен како нашиот или е доста различен. На минатиот семинар во Турција, тие не обрнуваат многу внимание на техничкиот аспект  туку посеветуваат многу внимание на физичките предиспозиции, а подоцна на 15 годиншнa возраст ги селектираат и ги насочуваат – напомена Балазоска.

Реализацијата на ова гостување како и низата проекти кои допрва следуваат се дел од заложбите на Македонската кошаркарска федерација за развој на кошарката во младите категории.

М.П.