Кошаркарите на охридскиот второлигаш Лихнидос на гостувањето во Скопје, го претрпеа првиот пораз сезонава. Тренерот на охриѓани, Весна Балазоска е задоволна од играта, но овој пат изостана резултатот односно победата.


– Несебично би рекла дека победата ја заслужија домаќините. Сакам да им честитам на мојата екипа, која скапо ја продаде кожата во Скопје. Тимот на Карпош Соколи располога со осум кошаркари кои имаат прволигашки квалитет. Исто така ме радува фактот што на негатива од 22 разлика, момците не се предадоа. Напротив, тогаш се консолидираа заиграа добро, но не можеш да се бориш и со судиите кои имаа блага наклонетост кон домашниот состав. Доволно зборува фактот дека по завршувањето на мечот преполната мала сала “Борис Трајковски“ со громогалсен уплауз ги испрати охридските кошаркари – потенцираше Балазоска.

Во наредната трета рунда в сабота 10 ноевмри охриѓани на домашен терен ги пречекуваат непоразените Ангели.

Мх.П.