Убедливиот триумф над Т Баскет 90-51 беше плод на одличната игра пред се во одбраната, нешто на што охриѓани работат интензивно подолго време.



– Јас како тренер сум многу задоволна бидејки на овој натпревар пробавме се што трениравме изминатата недела и во ниеден момент моите играчи неотстапија од таквата игра – рече Балазоска

Кај младите охриѓани се уште е голема желбата во премиерната сезона од мечевите во Третата лига, да се преселат во второлигашкото друштво.

Се надевам дека овој натпревар ќе биде почеток на циклусот – наречен влез во Втората лига. Според мене едно од најтешките гостувања следи овој викенд во Скопје и тоа против екипата на Лирија -истакна Балазоска

Ohridnews