Кошаркарите на Колибри, во голем стил и на третата позиција ја завршија дебитанската сезона во третата лига. Избраниците на Балазоска, со триуфм во Гевгелија, кај екипата на Бест ја заверија третата позиција на табелата. 

Целиот натпревар беше неизвесен и пред се тежок. Тргнувајќи од податокот дека и на првиот и второ пласираниот изгубија на нивни терен,ние знаевме што не очекува таму. Можам да им се заблагодарам на моите соиграчии што до крај ги исполнија нашите предвидени задачи и цели за овој натпревар и изиграа одговорно и посветено до последната секунда.Предводници на таквата играа беа капитенот Митрески 7,нашиот алфа и омега кошаркар Христовски 15,Танески 14 постигнувајќи кошеви во најклучните минути, претопениот Скопски-Охриганец Павловски 17 , Бојовски 10 кој поради досудените 4 фаули во 1 цетвртина мораше остатокот од мечот да го преседи на клупа и младиот и наш најперспективен играч Ристески 9 поени – истакна тренерот на “летечките“ Весна Балазоска.

Кошаркарскиот клуб Колибри, за само една година доби екпспанзија. По само една сезона, ќе напредуваат еден ранг погоре односно во втората лига.

Јас како тренер на овие кошаркари и нивни сојузник во нашата цел-афирмација и враќање на машката кошарка во градов, заедно со моите соработници во клубот Даут, Митрески, Михајлоски и Ангеловска, можеме да кажеме дека сме повеке од задоволни со овој наш пласман. Искрено малце сме и изненадени бидејќи оствривме многу тешки победи над појаки и инфериорни екипи. За многу краток период само една сезона издвоивме пласман за една лига повисоко. Голема благодарност пред се на нашите први сојузни-играчите и луѓето кои не подпомогнаа овој изминат период – заклучи Балазоска.

Првата позиција во третата машка кошаркарска лига му припадна на Водно Санс Апаве со 18 победи и два порази. Второпласирана е екипата на Карпош Соколи со 16 победи, два порази но има два натпревари помалку од лидерот Водно.

Мх.П.