Обилните врнежи од дожд предизвикаа поплави во повеќе балкански држави. Најкритична е состојбата во Албанија, а поплави се забележани и во Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Нашиот западен сосед прогласи вонредна состојба на северот од земјата каде под вода се наоѓаат над 10 хектари земјиште и речиси 3000 куќи.
Поради поплавите албанската влада побара од Македонија да го подигне нивото на Охридското Езеро за да се спречи излевање на реката Дрим на нејзина територија.












