Ждрепката за баражот за пласман на Мундијалот во Русија следната година донесе балканско дерби во кое ќе се сретнат Хрватска и Грција и три интересни пресметки.
Северна Ирска ќе ги одмери силите со Швајцарија, Данска ќе се сретне со Република Ирска, додека најѕвучното име во баражот Италија за противник ја доби Шведска.
Првите натпревари од баражот се играат на 9 ноември, а реванш мечевите пет дена подоцна. Четирите победници ќе ги комплетираат селекциите патници на СП од стариот континент.
Двојки:
Северна Ирска – Швајцарија
Хрватска – Грција
Данска – Република Ирска
Шведска – Италија
OhridNews