Селекциите на Словенија и Србија ќе си ги одмерат силите во финалето на Евробаскетот. Србите со триумфот над репрезентацијата на Русија (87-79) им се придружија на словенците кои ден претходно го чекираа финалниот билет.

Србите одиграа маестрално прво полувреме кое го добија со 48-34. Но, русите предводени од Швед се вратија во игра во вториот дел и имаа напад за водство, кој не го реализираа.

Потоа, мирната рака на Богдановиќ не дозволи нова шанса за русите и ја лансираше Србија во натпреварот вреден златен медал.

Големото финале на програмата е в недела со почеток во 20 часот и 30 минути, а како најава на финалниот натпревар во мечот за трето место ќе се сретнат Шпанија и Русија.

OhridNews