Поради повреда на бутниот мускул Марио Балотели ја напушти италијанската репрезентација пред мечот со Хрватска во квалификациите за ЕП во Франција.
Балотели веќе заминал за Ливерпул каде клубските доктори ќе одредат колку ќе паузира контроверзниот напаѓач.
Покрај „супер Марио“ поради повреда селекторот Антонио Конте на располагање ќе го нема и Анџело Огбона за натпреварот со „коцкастите“.
Италија ноемврискиот циклус ќе го искористи за одигрување и пријателски натпревар и тоа со Албанија на домашен терен.
Мх.П.