Градските ривали од Манчестер, Јунајтед и Сити в недела во 15:05 часот на Олд Трафорд ќе ги одмерат силите во десеттата рунда од Премиер лигата.

Сите на Островот го најавуваат овој дуел како еден од одлувачките за титулата, а масло во огнот додаде Марио Балотели кој на свој препознатлив начин го најави дербито.

Тој на својот официјален профил на социјалните мрежи додаде колаж од слика од убедливата победа 6-1 на Олд Трафорд пред четири години.


Под сликата од Балотели се разви „жешка“ комуникација, а италијанскиот репрезентативец можеби направи најголема најава на градската пресметка во Манчестер.

Ohridnews