Контроверзниот италијански напаѓач Марио Балотели ќе го пропушти дербито меѓу Ливерпул и Арсенал кое е на програмата в недела во 17 часот.
Причината не е повреда туку казната од Англиската федерација поради слика на социјалните мрежи, која ги поминала границите и принципите на кодексот. Покрај еден меч суспензија Балотели заработи и парична казна од 25 000 фунити.
Италијанецот веднаш по одлуката на ФА се огласи на социјалните мрежи и се извини, но тој ќе мора да паузира на дербито в недела на Енфилд.
Мх.П.