Фудбалерот на Ливерпул, Марио Балотели и членот на Манчестер Јунајтед, Анхел ди Марија ја предводат листата на најлоши трансфери во Премиер лигата за минатата сезона.
Контроверзниот Италијанец за 20 милиони евра од Милан се пресели во Ливерпул. Во првата сезона во дресот на „црвените“ не покажа баш ништо постигнувајќи само еден премиерлигашки погодок.
Наспроти него, Ди Марија имаше одличен почеток и постигна неколку победнички голови за Јунајтед, но само на тоа остана. Честите повреди беа причина за пад на формата, што на крајот го доведе и до очај Аргентинецот.
Трет на листата се наоѓа Емануел Ривиер, кој од Монако направи трансфер во Њукасл за 10 милиони евра. Четврти е дефанзивецот Дејан Ловрен за кој Ливерпул плати огромни 20 милиони евра.
Петти најлош трансфер е оценет позајмувањето на Фалкао од Монако во Манчестер Јунајтед. По завршувањето на сезоната „ѓаволите“ веднаш го вратија Фалкао во Монако, кој заработуваше 300 000 евра неделно на Олд Трафорд.
На листата најлоши трансфери се наоѓаат уште Мангала, Браун Идеја, Хуан Квардадо, Сандро и Џек Родвел.
Мх.П.