На крилата од Марио Балотели, екипата на Ница го совлада Монако со 4-0 и го запоседна врвот на табелата во Првата француска лига.


Контроверзниот Италијанец запиша два погодоци и една асистенција во четвртиот триумф во шестиот натпревар во новата сезона.


Ница лидерската позиција на табелата ја презеде токму од Монако кој сега има 13 бодови исто колку и третопласираниот Пари Сент Жермен.

OhridNews