Екипата на Милан обезбеди мининална предност по првиот меч во 1/2 финалето од Купот победувајќи ја Алесандрија на гости со 1-0.
Стрелец на победничкиот погодок за „росонерите“ беше Марио Балотели од белата точка во 43-та минута од мечот.
Избраниците на Синиша Михајловиќ на 3 март на Сан Сиро ќе го одиграат реванш натпреварот и ако нема поголеми изненадувања ќе се пласира во големото финале.
Во второто полуфинале во Купот на Италија ќе се сретнат екипите на Јувентус и Интер. Првиот меч ќе се одигра во среда со почеток во 20:30 часот.
OhridNews











