Контроверзниот италијански репрезентативец Марио Балотели по неуспешната сезона во Ливерпул ќе се врати како позајмаен фудбалер во редовите на Милан од каде и замина во Премиер лигата.


„Супер Марио“ кој повеќе внимание привлекува со честите испади надвор од теренот ќе биде под постојан надзор од челниците на клубот.

Ќе му бидат следени профилите на социјалните мрежи, приватниот живот и се што прави во слободното време.

Тој никако не смее да наруши угледот на клубот и треба да се придржува на правилата кои се донесени само за него.

Балотели ги потроши речиси сите кредити и оваа шанса на Сан Сиро му е последна за нешто конкретно да направи во неговата кариера.

Ohridnews