Марио Балотели повторно е дел од фудбалската репрезентација на Италија. Напаѓачот голот што го постигна против Саудиска Арабија му го посвети на починатиот капитен на Фиорентина, Давиде Астори.

– Знам дека е доцна и дека си веќе таму некаде, но убеден сум дека ме гледаше одозгора заедно со мојот татко. Овој гол, иако не претставува ништо и не му значи на никого, ти го посветувам тебе. – напишал Балотели на својот профил на „Инстаграм“.

27-годишниот напаѓач по четири години се врати во националниот тим. Италија ја победи Саудиска Арабија со 2:1, на селекторското деби на Роберто Манчини. Балотели го постигна првиот гол на натпреварот.

OhridNews