Марио Балотели одновно го привлече вниманието на светските медиуми врз себе постигнувајќи два погодоци во дебито за Ница на дуелот со Олимпик Марсеј кој заврши во корист на домаќините 3-2.
Италијанскиот интернационалец после триумфот јавно се осврна на неколкуте одлуки во кариерата кои се покажаа неисправни.
– Преселбата во Ливерпул е мојата најголема грешка во кариерата. Навивачите и играчите си беа на место, но управата на клубот не се однесуваш правилно со мене. Морам да ги пофалам Роџерс и Клоп како добри стручњаци, но како луѓе воопшто не ми оставија добар впечаток. – рече Балотели.
„Супер Марио“ тимот на Ливерпул го засили од Милан, а само по една мината сезона тој се врати на Сан Сиро како позајмен фудбалер.
OhridNews