Екипата на Сампдорија во зимскиот преоден рок сака да го засили нападот, а одлуката паднала на Марио Балотели.
Контроверзниот италијански репрезентативец не игра баш најдобро во дресот на Ливерпул откако на Енфилд се пресели од Милан и негов трансфер не би била изнедувачка одлука.
Дел од трансферот на Балотели би бил и голманот Серхио Ромеро, кој го чуваше голот на Аргентина на Светското првенство во Бразил.
Сезонава тимот од Џенова има одлични резултати и се наоѓа во горниот дел од табелата, а со Балотели во нападот ќе атакуваат на местата кои носат излез во Европа.
Мх.П.