Тоа што судбината на Англија е во рацете на италијанските фудбалери веднаш го искористи Марио Балотели, кој ги „пецна“ англичаните со порака на својот „Твитер“ профил.
– Ако ја победиме Костарика, сакам бакнеж, во образ нормално, од англиската кралица – стоеше на „Твитер“ профилот од „Супер Марио“.
Со победи над Костарика и Уругвај „азурите“ ќе ги вратат надежите на англичаните за пласман во нокаут фазата.
Мх.П.