Ливерпул обезбеди пласман во 1/4 финалето од англискиот Капитал куп победувајќи го Свонси на Енфилд со 2-1 во осминафиналето.
Контроверзниот италијанец, Марио Балотели е херој на „црвените“, кој со маестрален погодок во 86-та минута го анулираше водството на гостите.
За во 90-та минута хрватскиот интернационалец Дејан Ловрен да го постигне победничкиот погодок.
Резултати : Бурнмаут – ВБА 2-1, Милтон Кејн – Шефилд Јунајтед 1-2, Шревзбери – Челси 1-2, Фулам – Дерби 2-5, Ливерпул – Свонси 2-1.
Мх.П.