Италијанскиот интернационалец, Марио Балотели официјално беше промовиран во нов фудбалер на Ница. Балотели ќе го носи бројот 9 на грбот, а неговата промоција будно ја проследија француските медиуми.
Ница, беше единствениот клуб кој покажа интерес за Балотели кој минатата сезона како позајмен фудбалер од Ливерпул ја мина во Милан.
– Одлуката да се преселам овде беше фудбалска. Ми се допаѓа проектот кој клубот ми го престави во текот на преговорите. Разговарав и со тренерот кој верува во мене и немаше подобар знак за тоа да дојдам овде. Иако не се пишуваше интерес имаше и од други клубови, но за мене е поважно е да игра отколку името на екипата. – рече Балотели.
Популарниот „Супер Марио“ пред себе има голема задача бидејќи неговата кариера тргна во сосема спротивен правец од очекувањата.
На полни 18 години тој дебитираше во Интер и беше партнер во нападот со Златан Ибрахимовиќ, а одигра и клучна улога во првата титула на Манчестер Сити во Премиер лигата.
OhridNews