Италијанскиот репрезентативец Марио Балотели беше во центарот на вниманието на мечот со Бешикташ во 1/16 финалето од Лигата на Европа, кој Ливерпул го доби со 1-0.
– Благодарам Хендо што ми дозволи да го изведам пеналот, а вие останати престанете да правите драма, ве молам. Победивме и тоа е најважно. Ние пред се сме тим, ние сме Ливерпул. Благодарам момци. – напиша Балотели на својот „Твитер“ профил.
Отворени критики до Италијанецот упади Стивен Џерард, кој го пропушти натпреварот поради повреда.
Ohridnews