Италијанските калчолигаши Милан и Јувентус се засилија со Марио Балотели односно Хуан Квардадо кои во Серија А доаѓаат од Премиер лигата како позајмени фудбалери.


Балотели не се снајде најдобро на Енфилд и констатно беше на удар од англиските медиуми поради работи кои ги прави контроверзниот Италијанец надвор од терените.

Квардардо кој на Стемфорд Бриџ пристигна како големо засилување од Фиорентина во зимскиот преоден рок не доби вистинска шанса од португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Јувентус на официјално интернет сајт му посака добре дојде на Колумбиецот додека Балотели мора прво да ги мине лекарските прегледи пред „росонерите“ да го официјализираат неговото враќање на Сан Сиро.

Ohridnews