Српската полиција, доцна синоќа ги откри причините за убиството на Мирко Бутулија, кој ја извршуваше функцијата претседател на Ракометниот клуб Црвена Ѕвезда и Авто-мото сојузот во Србија (АМСС).

Бутулија животот го загуби делејќи го секретарот на АМСС, Предраг Ѓурѓев, кој се расправал со друга личност во канцеларијата. Испуканите куршуми од пиштолот на Ѓурѓев завршиле во главата и телото на Бутулија. Првиот човек на Црвена Ѕвезда починал во болница, додека  Ѓурѓев во друга просторија сам си го одзел животот пукајќи си во челото.

По слушањето на караницата и пукотниците во канцелија дотрчала секретарката на Бутулија, која, кога видела што се случува скокнала од прв спрат да си го спаси животот. Таа минала со лесни телесни повреди.

OhridNews

Убиен првиот човек на РК Црвена Ѕвезда