Убиство се случи во Гостивар, а според првичните информации на МВР причина за трагичниот настан била банална расправија во сообраќај.

Како што соопшти МВР, синоќа околу 21,40 часот во Гостивар, на ул.„Седек Костовски“, додека Н.Д.(47) од с.Чајле, се движел со неговото патничко возило „Џип-Киа“ во кое било неговото семејство во еден момент пред него застанало патничко возило „Голф 3“, управувано од А.А.(26) од Гостивар. Бидејќи, А.А. бил непрописно застанат, помеѓу истите настанала вербална расправија, при што А.А. од неговото возило извадил метална шипка со која започнал да удира по возилота на Н.Д. Во тој момент, Н.Д. од возилото извадил пиштол „Берета“ калибар 9мм кој го поседувал со дозвола, испукал три куршуми во правец на А.А., при што со еден куршум го погодил во пределот на стомакот. По ова А.А. бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Ургентен центар Скопје, каде на околу 01,30 часот им подлегнал на повредите.

По настанот Н.Д го напуштил лице местото на настанот и околу 23,00 часот сам се пријавил во ПС-Гостивар.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

OhridNews