Четврти јануари е рокот до кој фенерџијата Маврово треба  да каже дали ќе има сили да остане во Првата кошркаска лига.

Гостиварци во последните неколку кола мака мачеа да соберат една петорка за да ги одиграат натпреварите на кои пристигнуваа со половина па и до час задоцнување.

ќе го завршат шампионатот предвреме – КК Mаврово

Во десегашниот дел од шампионатот за сите пропусти им се прогледуваше низ прсти но челните луѓе во федерацијата се на ум да се стават крај на танталовите маки како за гостиварци така и за останатите.

Само за потесетување КК Маврово со “вајлд“ карта влета во шампионатот кој поради нив започна со еднонеделно задоцнување.

Доколку се случи Маврово да се откаже, нема да се промени ништо во системот на натпреварување. Ќе се продолжи да се игра по истиот четворокружен систем на натпреварување. Единствената промена ќе биде тоа што нема да има слободна екипа.