Како и секое друго овошје, бананата е нискокалорична намирница која е идеален доручек или меѓуоброк. Таа е исклучителен извор на калиум, цинк, витамини А, Б, Ц и влакна, и лесно се вари, освен ако не е зрела. Предноста на ова овошје е тоа што подолго време го задржува чувството на ситост, но за време на диета, многу ја избегнуваат бидејќи сметаат дека во споредба со другото овошје, највеќе придонесува за дебелеењето. Претерувањето со било која храна, па така и со бананите, може да доведе до дополнителни килограми.

Бананите содржат мал процент на вода, што значи повеќе јаглени хидрати, не содржат маснотии, но содржат шеќери. Меѓутоа, не треба да се занемарат другите намирници, бидејќи само бананите, на организмот не му даваат доволно нутриенси. Најдобро е да се јадат наутро за добивање енергија, а доволно е да се изедат две до три банани дневно. Спортистите ги користат во својата исхрана, а се идеален оброк пред вежбање. После доручекот препорачливо е да се вежба, пешачи или трча петнаесеттина минути за да се согорат маснотиите.
Во исхраната која содржи банани, потребно е да се намали внесот на останатите овошја и намирници кои содржат многу шеќери. Иако бананите можат да помогнат во слабеењето бидејќи заситуваат, за слабеењето е подобро да се јадат агруми кои помагаат во согорување на мастите.