Природни убавини, луксузни хотели, скијачки и голф терени, квалитетна услуга и големо гостопримство, е она што го краси познатиот туристички центар Банско на планината Пирин во соседна Бугарија, кој во последните десеттина година стана насекаде препознатлива дестинација која нуди незаборавни моменти за забава и релаксирање.

Како што потенцираат туристичките работници од Банско, центарот е посетен 12 месеци во годината. Од март до октомври поради чистиот планински воздух, пешачките патеки, голф терените, а во зимскиот период поради богатата понуда за љубителите на зимските спортови. Со модерна жичарница, ски лифтови, снежни топови, комплетна инфраструктура и над 70 километри ски патеки Банско денес е топ дестинација за зимски туризам на Балканот.

Го посетуваат туристи од целиот свет, но од година во година се поголем е и бројот на македонски туристи, потенцира сопственичката на охридската туристичка агенција „Елида турс“, Елида Битрак која веќе 15 години соработува со елитните хотели на „Бугарија Холидејс” –  „Катерино спа”, „Пирин голф спа”, „Разлог” и „ Бугарија” .

Постојано се во пораст гостите кои се одлучуваат својот одмор да го поминат во Банско, пред се во некој од овие хотели. Причините секако се сместувањето, СПА центрите, квалитетот на услуги, пристапните цени на аранжманите. Се менуваат времињата и на граѓаните им треба ваков вид одмор, вели Елида Битрак.

Еден од најпосетуваните е мега  ресорт центарот  „Пирин голф спа“,  кој освен луксузните хотели,  апартмани, бутици, фризерски салони  и ресторани, вештачки езера го поседува и најголемиот голф терен на Балканот, голф клуб и голф академија.

Нашиот голф клуб брои над 350 членови, од кои околу 50 се од Македонија, само во текот на еден викенд доаѓаат од 70 до 100 голф играчи, бидејќи постојано организираме голф турнири. Нудиме и специјални пакети за обука на деца кои овде имаат можност да ги научат основите на играњето голф или пак да ги подобрат веќе стекнатите знаења, вели Андреј Глушков од „Пирин голф“.

„Пирин голф СПА хотелот“  изграден е од дрво во препознатлив стил, со внимателно дизајниран ентериер, првокласно сместување, богата понуда на ресторани, спа центар со пропратни содржини и професионална услуга.

Хотелите на „ Бугарија холидејс“  годишно ги посетуваат околу 40.000 гости . Многу е инвестирано во комплексот, во содржините кои ги нудиме, инфраструктурата и секако квалитетот на услугите. Вон туристичката сезона нудиме аранжани буквално за сечиј џеб, потенцира  Петар Зајков менаџер на „Пирин голф спа“.

Градот Банско, под заштита на УНЕСКО, и хотелските капацитети во зимскиот период  дневно ги посетуваат над 5000 туристи, а на годишно ниво преку половина милион гости. За туристичко место кое својата експанзија ја доживеа во текот на последните 15 години, може да се каже тоа значи огромен успех, што секако е резултат на одлична стратегија  за развој на туризмот, што треба да им послужи како пример и на останатите  земји во регионот и пошироко.

Тања Кувенџиска
фото:Емилио