Поранешната девојка на Леонардо ди Каприо, Бар Рафаели, ја воодушевила машката популација со своите фотографии во новиот број на шпанското издание на списанието „El“.

Манекенката позирала потполно гола на една преубава плажа и потсетила зошто се наоѓа меѓу најплатените манекенки на светот. Таа рекла дека била почестена што добила покана да работи со познатото списание. Инаку, таа неодамна полугола снимила и една реклама со тенисерот Рафаел Надал.