Принцот Вилијам на свадбата одлучил да повика дури 2000 обични граѓани кои ќе имаат можност да присуствуваат на кралската венчавка, доколку бидат извлечени на наградна игра, а покрај нив на церемонијата ќе присуствуваат низ политичари и познати лица. Претседателот на Франција Николас Саркози и неговата сопруга Карла Бруни добиле покана, но претседателот на САД и неговата сопруга не ја имале таа чест.


Имено Барак и Мишел Обама не биле на списокот на високи функционери поканети на свадбата, а наводно на истиот нема ниту да се најдат, бидејќи списокот повеќе немало да се менува. Кога покојната принцеза Диана се венчала за принцот Чарлс, тогашниот претседател на САД, Роналд Реган и неговата сопруга Ненси биле повикани и присуствувале на свадбата.