Геолози од намибиска фирма која се занимава со ископување на дијаманти, во потрага по дијаманти, покрај намибиската обала откриле поинаков вид на богатство, пронаоѓајќи стар потонат брод стар 5 века, кој превезувал златници, бронзени топови и слонови коски , известиле медиумите.

Геолозите во бродот пронашле добро сочувани предмети помеѓу кои шест бронзени топови, неколку тона бакар, повеќе од 50 парчиња слонови коски, навигациски инструменти, оружје, неколку илјади шпански и португалски златници кои датираат од периодот помеѓу 1400 и 1500 година.


Ископувањата што во близина на стариот брод ги извршувала компанијата веднаш се сопрени. Археолозите веруваат дека станува збор за досега најстар пронајден брод во подрачјето на субсахарската Африка, пренесува BBC.

Во Намдеба претпоставуваат дека можеби се работи за бродот на португалскиот истражувач Бартоломеј Диаза, кој исчезнал околу 1500 год. и 1488 год.Тој морепловец бил првиот европеец кој го препловил ’ртот Добра надеж.

Со оглед дека бродот крие многу прашања и одговори, на местото каде е откриен, шпанската и португалската влада испратиле експерти кои ќе ги извршат понатамошните истражувања.