Со цел да им излезе во пресрет на сите здравствено осигурени лица, ФЗОМ ќе овозможи барањата за издавање на електронска здравствена картичка да можат да се доставуваат и во сабота, 29 јуни.

Од ФЗОМ информираат дека утре, сите подрачни служби  ќе работат во период од 7.30 до 19 часот.

Согалсно законската регулатива, сите осигуреници треба да имаат поднесено барање за издавање на ЕЗК заклучно со 30 јуни 2013 година.

OhridNews