Од министерството за финансии информираат дека поради големиот интерес за приватизација на дворните места, а со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, подрачната единица на Управата за имотно правни работи во Охрид и останатите општини ќе работат и во сабота 29 декември и недела 30 декември 2012 година од 08:30 до 19:00 часот.

Кон барањето за приватизација потребно е да се достават следните документи:  Доказ за идентификација (фотокопија од лична карта или пасош), доказ за стекнување на корисничко право на земјиштето (закон, тапија, пресуда, решение, договор, одлука на државен орган итн.) и имотен лист.

Крајниот рок за откуп на дворните места истекува на 31 декември 2012 година.

OhridNews