Млекопроизводителите до 15-ти овој месец, можат да поднесуваат барања за финансиска поддршка за произведеното и продадено кравјо, овчо и козјо млеко.
Според јавниот повик на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, субвенциите се доделуваат за млекото кое е продадено во регистрирани млекарници, во периодот од 1 јануари до 30 април годинава.
Висината на финансиската поддршка е 3,5 денари по литар.
Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
OhridNews