
Почитување на рокот на поднесување на барање за финансиска поддршка треба да овозможи навремено спроведување на сите потребни постапки за обработка на барањата и исплата на средствата согласно предвидениот распоред во текот на годината кој е усогласен со типот на земјоделското производство.
Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, а врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни.
Одгледувачите на говеда, овци, кози и пчели пред поднесување на барањето треба задолжително да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор.
OhridNews












