Репрезентацијата на Данска ги заокружи селекциите учесници од стариот континент на Светското првенство во Русија. Данците во бараж двомечот подобри беа од Република Ирска со вкупен резултат (5-1).

Одлуката за патникот на Мундијалот во Русија падна на Хемпден парк, откако во Копенхаген првиот меч заврши без голови и без победник. Реваншот започна повеќе од посакувано за ирците кои поведоа со 1-0 после голот на Шејн Дафи во 6-та минута. Данците во три минути од 29-та до 32-та постигнаа два погодоци и на своја страна го свртија резултатот. На 1-1 изедначи Андреас Кристенсен, а за 2-1 погоди Кристијан Ериксен. Истиот фудбалер во второто полувреме погоди уште два пати и стигна до хет трик, а конечните 5-1 ги постави Никлас Бендтнер.

Низ баражот покрај Данска пласман обезбедија Шведска која ја елиминираше Италија, Хрватска која беше подобра од Грција и Швајцарија која билетите го чекираше преку Северна Ирска.

Ждрепката за групите на СП ќе се одржи на 1 декември.

OhridNews