Фудбалската репрезентација на Шведска го искористи домашниот терен во првиот меч од бараж двомечот со Италија за пласман на Мундијалот во Русија победувајќи ја со минимални 1-0 на „Фриендс арената“.
Двете селекции одиграа маестрален натпревар, со многу шанси и борба за секоја топа и педа на теренот. Во првиот дел шансите се менуваа, а недостасуваа само голови.
За да биде комплетен натпреварот се погрижи Јакоб Јакобсен кој со голема помош од Даниеле де Роси ја погоди мрежата на Џиџи Буфон.
После примениот погодок „азурите“ нападнаа, а најдобра шанса за реми ја имаа преку Матео Дармијан кој ја погоди стативата во 70-та минута од мечот.
Италијаните на реваншот во Милано за три дена немаат право на грешка и мораат да победат минимум два разлика за да го обезбедат билетот уште по 90 минути за СП во Русија.
OhridNews