Репрезентацијата на Шведска го приреди најголемото изненадување во баражите за Светското првенство во Русија, откако го елиминирашe четирикратниот шампион на светот, Италија.

„Азурите“ доминираа, имаа посед на топката, но не створија некоја посериозна прилика за погодок кој ќе ја анулираше минимална предност на швеѓаните од првиот натпревар.

Швеѓаните ориентирани беа да го зачуваат водството и успеаја со што ставија точка на импресивната серија на Италија на констатни учества на СП кои бројеа дури 14.

Шведска е трета селекција која по патот на бараж обезбеди билет за Мундијалот во Русија од Европа после репрезентациите на Хрватска и Швајцарија. Последниот патик од стариот континент ќе се дознае после дуелот помеѓу Република Ирска – Данска. Првиот меч заврши без победник 0-0.

OhridNews